Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан откри спомен плоча со картата на „голема Унгарија“ во чиј состав се најде и Војводина. Ова не е првпат Орбан да искажува територијални претензии кон Србија, но уште еднаш на ваквите провокации не се огласија српските челници кои во некои други ситуации се веднаш гласни и имаат што да кажат, пренесуваат медиумите кај севрниот сосед.
-Не верувам дека било кој чекор на Орбан бил непријалтелски насочен кон Србија. Овие денови им е годишница од некои случувања. И ние кога се сеќаваме на минати времиња ако покажеме карта од Душановото време некого навредуваме – возвратил Дачиќ.
Медиумите на ваквата реакција го поставуваат прашањето какви ли би биле тогаш односите меѓу Србија и Унгарија доколку нивниот северен сосед не покажаува територијални претензии како со овој испад со картата. Српските медиумите се прашуваат зошто молчи и претседателот Александар Вучиќ, кој заедно со Дачиќ знаат да бидат многу гласни и остри во реториката кога вакви настапи би имале нивните колеги од Албанија или Хрватска.