На 09.06.2020 околу 17.45 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека К.Б.(64) од с.Сарај, додека работел на покривот од неговата куќа, паднал од него во дворот на негов сосед.
По незгодата, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 20.40 часот починал.
Се работи на расчистување на случајот.