Костовски: Заев очајно лаже и се фали со слики од проекти од други држави, како да ги изградил во Македонија

Интегрален текст од изјава за медиуми на Дарко Костовски

 

„Зоран Заев очајно лаже и се фали со слики од проекти во други држави, дека ги изградил во Македонија. Зоран Заев камен на камен нема изградено во периодот од повеќе од три години колку што е власт. Државата буквално стагнираше изминативе години со него и СДСМ.

Сликите од инфраструктурните проекти со кои Зоран Заев се фали на својот профил на фејсбук се најбрутална лага. Зоран Заев лаже и затоа треба да им се извини на граѓаните.

Зоран Заев лаже за проектите кои не ги направил како што лаже и за пакетот мерки за граѓаните и стопанството, со кој на никој не помага. Македонија е во полн ек на криза, а државата освен што се задолжува и ништо друго не прави.

Зоран Заев лаже за проектите кои не ги направил како што лаже дека сме ја победиле и короната, а само два дена потоа се соочивме со најголемиот пик од почетокот на пандемијата.

Се што кажа Заев излажа. Заев треба да се извини и за лагата, но и за неговата неработа, како и за криминалот, корупцијата и сиромаштијата во кои ја потонаа Македонија.

СДСМ веќе не знае во која насока ја движи државата.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добиваме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави