Мел Би била исфрлена од луксузен бутик поради бојата на кожата

Англиската пејачка Мелани Браун, попозната како Мел Би (45), и членка на поранешната најпопуларна британска женска поп-група „Спајс грлс“, зборуваше за своето соочување со расизмот во текот на животот.

Мелани има многу спомени за време на нејзиниот настап како членка на британската поп-група „Спајс грлс“ и таа се присети како изгледало сето тоа пред дваесет години.

„Расизмот порано беше очигледен. Дури ме замолија да ја напуштам дизајнерската продавница кога настапував со девојките за принцот Чарлс и Нелсон Мандела. Непријатно е, бев шокирана, затоа што кога имате поинаква боја на кожата, секогаш има некој што сака да се соочи со вас“, рече таа.

Исто така откри дека фризерите честопати барале од неа да ѝ ја исправат косата, со оглед дека има долги црни кадрици.

„Се сеќавам кога првпат направив видеозапис за песната Wannabe. Имавме неколку стилисти и еден ми рече: ’Сè е добро, но мора да ја исправиме косата’. Одбив бидејќи мојата коса е мојот идентитет, она што ме прави поинаква од сите девојки во мојата група“, рече Мел Би.

Татко ѝ Мартин потекнува од Карибите, а мајка ѝ е Британка.

Мелани зборуваше за тоа прашање кога почнаа протестите наречени Black Lives Matter во целиот свет поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд на 25 мај 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави