Реванш натпреварите од осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони, кои не се одиграа поради пандемијата на коронавирус, може да се играат на 8 и 9 август.
Шпанското издание на „АС” објави дека по овие средби преостанатите натпревари на турнирот можат да се играат во главниот град на Португалија, Лисабон.
Плејофот од четвртфиналето во овој случај ќе се состои од еден натпревар. Почетокот на оваа фаза е закажан за 12 август.