СДСМ инвестираше само во лично богатење на Заеви и нивните најблиски соработници

Соопштение до јавноста- реакција на соопштението на СДСМ

„Три години откако се на власт СДСМ нема ниту еден капитален проект во државата, нема повисоки плата, нема нови работни места.

Без никаков срам се фалат за подобар живот, за капитални проекти, за инвестирање во патната инфраструктура  кога народот живее во беда и сиромашија и илјадници граѓани ги изгубија своите работни места поради нивната неспособност.

Се фалат дека граделе автопатишта, а реалноста е  дека не беа способни и да ги довршат започнатите проекти од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во период на пандемија не беа способни да набават заштитна опрема за лекарите, а ни најмалку пак да инвестираат во нешто друго.

Граѓаните добро знаат дека ова го прават да собираат политики поени, затоа што сакаат избори и во период кога државата има висока бројка на ново заболени.

Со СДСМ на власт единствено добивме хибриден режим, сиромаштија и корупција.„

 

Треба да знаете
Последни објави