Се урна рудник во Авганистан, загинаа седум рудари

Седуммина рудари загинаа при уривање на рудник за јаглен во северен Авганистан поради експлозија на гас, а единаесет се уште се под земја, соопштија локалните власти.

„Не се надевам дека ќе ги најдеме живи бидејќи рудникот е полн со отровни гасови“, рече Садик Азизи, портпарол на провинцијата Саманган, каде што се случи несреќата.

„Жителите и службите се обидуваа да ги извлечат рударите цела ноќ, но засега не успеваме“, рече Мохамад Султан Султани, шеф на округот Дара-е-Софа.

Ваквите несреќи не се невообичаени во земја каде што рударите честопати работат без заштитна опрема и обука за безбедност.

Треба да знаете
Последни објави