Среќен распуст, е-наставата ја обележа оваа учебна година

Учебната 2019/2020 година завршува во вонредни услови. Учениците од десетте општински основни училишта, речици цело второ полугодие спроведуваа настава по електронски пат, како резултат на прекинот на воспитно – образовниот процес поради Ковид – 19. Градоначалникот Стефан Богоев преку видео порака им го честита крајот на учебната година на сите ученици, наставници и родители. Иако денеска изостана другарувањето по училишните холови и дворови, 10 – ти јуни за секое дете е еден од најсреќните денови во годината:

  • Сакам да ви честитам на фактот што сте генерација која за прв пат реализираше настава по електронски пат. Речиси цело второ полугодие, учевте преку дигитални платформи и покажавте дека младите,и во време на здравствена криза,се носители на промените.

Ученици и наставници, Вие поставивте нов стандард во македонското образование!

Ви благодарам за вложениот труд и напор, а на полуматурантите им посакувам успешен упис во средно училиште, рече Богоев.

Во текот на распустот, Општина Карпош ќе спроведе и повеќе инфраструктурни активноси во училиштата, со цел да ги подобри условите за  учење и престој. Локалната самоуправа во следните денови ќе додели и награда за првенците на генерација од сите основни училишта.

 

 

Треба да знаете
Последни објави