Голем споменик на поранешната британска кралица Викторија е вандализиран со пароли, вклучувајќи „ Блек лајвс медр“, „убиец“ и „к***а“, пренесува „Лидс лајв“.
Вандализмот, најновиот ненадеен и интензивен тренд што ја зафати Велика Британија за само неколку дена, ја доби најновата жртва со статуата и пиедесталот во Лидс, Англија, кои го прикажуваат женскиот монарх од 19 век со алегоричен статуи кои ги отсликуваат мирот и индустријата.
Пораките на статуата вклучуваат „сопственичка на робови“, „убиец“, „насилник“, „расистичка курва“ , меѓу другите обвинувања. Во основата на спомен-обележјето е начкрабано „ Блек лајвс медр “ и „!!! едуцирајте“. Рацете, лицата и гениталиите на една од преостанатите алегориски статуи исто така беа обоени.
Кралицата Викторија не поседувала робови и живеела во време кога ропството веќе беше забрането од британската влада.
Додека кампањите за уништување на спомениците се прикажуваат себеси како грасрут- движења за исправање на историските грешки, јавни споменици во Велика Британија по традиција многу често биле платени од јавноста, доброволно, а не одметнати од власта.
A statue of Queen Victoria in Woodhouse Moor, Leeds has been defaced with graffiti including the words 'slave owner' and 'murderer'.
Other graffiti, including justice BLM and Black Lives Matter, has also been sprayed on and around the monument. pic.twitter.com/sk9EGI3yZl
— BBC Yorkshire (@BBCLookNorth) June 9, 2020
Таков е случајот со статуата на Викторија во Лидс, која е изградена во 1905 година за да го овековечи споменот на неодамна починатата кралица и платена со кампања за јавно собирање средства.
Статуата првично стоеше пред градското собрание на Лидс, но беше преместена во парк во 1930-тите за да расчисти просторот.
Кралицата Викторија владееше во ера на невиден научен напредок, зголемувањето на животниот стандард за народот во Велика Британија, во време кога ропството беше нелегално, а имаше и значително проширување на Британската империја.
Иако Британската империја го водеше првото поголемо движење во историјата за укинување на ропството, трошејќи огромни суми пари за ослободување на робовите и за финансирање на воени бродови за лов на трговците со робови, левичарски активисти во 2020 година ја сметаат империјата за универзално лоша, а кралицата Викторија како цел за бришење.
Вандализмот следи, со денови, по уништување на статуата на Едвард Колстон, кој профитираше од компанија што поседувала и тргувала со робови. Демонстрантите во Бристол ја срушија статуата и ја фрлија во пристаништето во градот.
Последователно беше објавен список на таргетирани статуи на национално ниво за левичарските активисти, на кој има десетици споменици на историски личности. Еден од нив падна неколку часа по објавувањето на списокот откако лондонските власти под контрола на лабуристите одобрија отстранување на статуата на друг трговец од ерата на Колстон.
Неколку часа откако беше покрената петиција за отстранување на статуата, пристигнаа работници со копач и ја кренаа 200-годишната бронзена статуа од нејзиниот постамент.