Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес оствари работен состанок со началниците на Секторите за внатрешни работи.
-Полициските службеници изминатиот период преземајќи широк спектар активности имаа важна улога во справување со пандемијата од Covid 19, и тие покажаа исклучително високо ниво на одговорност и професионалност. Но, нашата работа не застанува тука, ние и понатаму имаме одговорност да се грижиме за здравјето, животот и безбедноста на граѓаните, потенцираше Чулев на состанокот.
Изминатиот период полицијата покажа дека е блиска со граѓаните, се грижи за нивната безбедност и здравје и таквиот пристап треба да продолжи и во иднина. Во таа насока Чулев потенцираше дека секторите за внатрешни работи преку своите организациски единици и во иднина треба да ги преземаат соодветните мерки во насока на контрола и одлуките на Владата кои се насочени кон превенција од Коронавирусот и понатаму неселективно да постапуваат во спроведување на законите и соодветно санцкионирање на нивните прекршители. Со таквиот начин на работа ќе ја потврдат стратешката определба на Министерството за внатрешни работи, за законитост, неселективност и транспаретноста во работењето.
Како министер за внатрешни работи тој и понатаму останува на ставот дека законите треба да се спроведуваат во целост и дека полициските службеници треба професионално и одговорно да постапуваат при извршување на своите работни задачи.
-Убеден сум и понатаму ќе инсиситирам тие да ја добијат наградата која за заслужуваат со одговорносто извршување на работните задачи, заклучи Чулев.