Интегрален текст од прес конфренција на Вулнет Ферати, потпретседател на Алијанса за Албанците
„Постојаното зголемување на бројот на заразени лица сведочи за лошото управување на владата со ситуацијата создадена од пандемијата „Ковид19“! А ова лошо управување се докажува со позиционирањето на Северна Македонија на 130-то место во однос на тоа како да се справи со кризата со Коронавирусот. Во време кога сите соседни земји најавуваат намалување на бројот на заразени лица, овој број кај нас расте.
Со овие податоци Северна Македонија е ставена на „црниот“ список – што значи ограничување, односно забрана за патување на нашите жители во странство. Во исто време, доаѓање на граѓани од други земји во Северна Македонија.
Ова носи потешкотии за секој граѓанин на нашата земја и дополнително ја продлабочува лошата економска состојба, што веќе е доста лошо.
Овие се доволни факти кои го оптоваруваат министерот за здравство Венко Филипче, координаторот на кризните штабови на општините Бујар Османи, членовите на кризниот штаб и сите тие кои се занимаваат со управувањето на кризата, барем од морален аспект треба да поднесат неотповикливи оставки од своите работни места!
Граѓаните не се должни да плаќаат за неспособностa на овие лица со своето здравје.
За жал, владата сè уште не покажува зрелост за сериозноста на ситуацијата, затоа итно мора да се преземат мерки.