Берлин потврди дека САД размислуваат за намалување на трупите во Германија

Германската Влада денеска по првпат потврди дека САД размислуваат да го намалат бројот на своите војници распоредени во Германија, потенцирајќи дека се уште не е донесена одлука.

– Владата е информирана дека администрацијата на САД размислува да го намали присуството на американските вооружени сили во Германија. Но, колку што знам, нема дефинитивна одлука засега, рече портпаролот на владата, Улрике Демер во Берлин. Со изјавата тој ги потврди информациите од американските медиуми.

Вашингтон се уште не го потврди тој план.

„Волстрит џурнал” објави во петокот, повикувајќи се на анонимни извори во Владата во Вашингтон, дека американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на Пентагон да го намали бројот на американски војници во Германија на 25.000, што е намалување за 9.500 лица.

Таквата одлука е значително намалување на ангажманот на САД во европската одбрана во рамките на НАТО.

Треба да знаете
Последни објави