До 5 јуни 15.237 Македонци се вратиле во татковината за време на пандемијата од коронавирусот, благодарение на бугарската дипломатија. Оваа бројка сигурно е поголема за уште илјада луѓе, бидејќи секојдневно преку Бугарија во Македонија си одат меѓу 250 и 350 граѓани, пишува БГНЕС,а пренесе МКД.мк.
Агенцијата цитира изјава на извор од македонското Министерство за надворешни работи кој вели дека „имало случаи кога им ѕвонеле на бугарски конзули во 4 часот наутро, што било непријатно но требало да се проберат ‘заробените‘ сонародници на границите“. Долгогодишниот дипломат барал да остане анонимен, но кажал дека меѓу „спасените“ била и ќерката на актуелен македонски министер, блиски на пратеници од опозицијата, како и на некои јавни личности.