Мајката на деветгодишното момче кое било искасано до смрт од страна на куче додека таа се забавувала со сопственичката на кучето и земала кокаин во блиската камп-куќичка, е осудена на две години затвор.
Френки Мекритчи почина откако во април минатата година беше нападнат од мешанец помеѓу американски булдог и стафордски бул териер со тежина од 45 килограми.
Деветгодишниот Френки останал сам во камп-куќичката во Корнвол со куче по име Винстон, додека неговата мајка Тајни Вилис земала кокаин на забавата во соседството. Вилис (31), сопственичката на кучињата Сади Тотердел (29) и неколку други пријатели пиеле и слушале музика во посебна куќа за време на нападот.
Кучето му нанело 54 повреди на детето, од кои најсериозни биле на главата и вратот. Кога Вилис се вратила во камп-приколката во раните утрински часови, еден минувач ја слушнал како извикува: „Моето дете! Моето дете!“
Тајни Вилис се изјасни за виновна за занемарување на детето и доби затворска казна од две години. Судијата Симон Кар ја осуди сопственичката на кучето на три години затвор затоа што го оставила кучето само со Френки иако тој веќе каснал уште едно дете, пишува „Дејли мејл“.
И Вилис и Тотердел биле на забава во камп-куќичка, каде што гостите земале дрога, вклучувајќи ја и Вилис која земала кокаин.
Обдукција покажа дека Френки имал 54 каснувања, главно на лицето, вратот и градите. Дел од скалпот му бил откинат, а едното уво му висело надолу. Имал и огромна рана 15 см х 14 см на главата.
За време на судењето, се дознало дека Вилис отишла да го провери Френки околу 4,30 часот и го пронашла мртов и покриен со крв.
„Верувам дека сцената што ја видовте ќе ве прогонува до крајот на животот“, и рече судијата на мајката.