ВМРО ДПМНЕ: По здравственото Република Македонија се соочува со уште едно овој пат економско фијаско

 

 

Додека државите од регионот прогласуваат победа над пандемијата и крај на економската криза Македонија се претвори во балкански Вухан со бројки како на самиот почеток на светската пандемија.

По здравственото Република Македонија се соочува со уште едно овој пат економско фијаско.

Паралелно со здравствената Македонија се соочува и со економска криза. Илјадници македонски граѓани се оставени без извор на егзистенција, оставени сами на себе без никаква помош од државата.

Владата не стори ништо да му помогне на стопанството, не стори ништо за да ги сочува работните места на граѓаните.

Македонија се соочува со економска катастрофа, растот на  македонската економија во првиот квартал изнесува катастрофални 0.2%, додека соседна Србија растот изнесува 5%, Турција 4.5%, Хрватска 0.4%, и соседна Бугарија од 1.2%.

За само три месеци 15 илјади граѓани ги загубиле своите работни места. Анализите на стопанствениците велат дека на 50 илјади македонски граѓани им се заканува отказ.

Македонија е на чекор пред повторување на историјата и сцените од мрачната транзиција.

Околу 49 проценти од компаниите забележале пад на приходот од над 80 проценти. Владата наместо  сериозно да го помогне стопанството ја остави економијата да тоне.

Владата на СДСМ одвои најмал процент од бруто домашниот производ во регионот за помош на економијата, пред нас се сите наши соседи.

Благодарение на оваа неспособна власт се губат животи се губат работни места, а изгледите за подобрување на состојбата од ден во ден се се помали. Но она што влева надеж кај граѓаните е тоа што Заев ќе биде поразен, а новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе обновата на Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави