ВМРО-Народна партија смета дека одлуките на Комисијата за заразни болести ја прават Македонија земја со најригорозни мерки во Европа, во однос за влез и излез од државата.
„Сметаме дека овие мерки стануваат помалку апсурдни кога едноставната анализа на бројки ни покажува дека многу побезбедно е да се оди во Тирана отколку во Чаир, или во Софија отколку во Штип“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека македонскиот граѓанин денеска е најизолиранот граѓанин во Европа.
Од оваа партија ја повикуваат Комисијата за заразни болести сериозно да ги преиспита своите одлуки бидејќи, како што велат од таму, во цела Европа сега е тренд на олабавување на мерките и отварање на границите.
„Ваквата изолираност сериозно може да наштети на економијата на Македонија, но и кога ќе почнат туристичките бранови да не ги тераме туристите да бараат други патишта, комуникации и повторно непотребно да ја изолираме Македонија“, стои во соопштението.