Нови 53 случаи на инфекција со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина, објавија денеска здравствените власти кои потврдија нагло зголемување на дневната бројка на новозаразени.
Лабораториите во БиХ тестирале 527 примероци, од кои 26 биле позитивни, а во Република Српска биле тестирани 299 примероци, а 27 биле позитивни.
Од крајот на мај, кога се стабилизира епидемиолошката состојба во БиХ, бројот на новозаразени лица на дневна основа остана двоцифрен, а се појавија и неколку нови жаришта, како што се Тешањ, Модрича и Живинице.
Вкупниот број на заразени со коронавирус во БиХ достигна 2.800 лица, со 156 смртни случаи.
Властите досега не објавија повторно воведување рестриктивни мерки, а градскиот превоз во Сараево веќе е целосно оперативен.