На подрачјето на Каменичко Брдо, општина Братунац, денеска била извршена ексхумација за време на која на површината на теренот биле пронајдени нецелосни посмртни останки од најмалку две жртви од војната.
Според информациите на Институтот за исчезнати лица во БиХ, се претпоставува дека станува збор за жртви на геноцидот извршен во јули 1995 година во областа на Сребреница.
Посмртните останки на жртвите се пренесени во Комеморативниот центар во Тузла за судско-медицинско вештачење и криминалистичко – техничка обработка како и отстранување на коскената срцевина, со цел да се утврди идентитетот на жртвите преку ДНК-анализа.
Ексхумацијата била извршена по налог на Судот на БиХ и под надзор на обвинителството на БиХ.