Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Сехофер, објави дека Германија ќе ги отвори своите граници кон соседите Швајцарија, Австрија, Франција, Италија и Данска од 15 јуни.
Од вторник граѓаните на ЕУ и Швајцарија ќе може да влезат во Германија без контрола и карантин.
Зехофер објасни дека одлуката за отворање на границите е донесена поради позитивниот развој на трендовите во борбата против коронавирусот.
„Ова ја врати слободата за патување во Европа“, истакна Зехофер на прес-конференцијата.
Укинувањето на контролите на границата со Австрија, Швајцарија, Франција, Данска и со Италија е планирано за 15 јуни, а слободата на патување за патниците од Шпанија важи од 21 јуни.
Контролите на границата со Холандија и Белгија веќе претходно паднаа, а со Луксембург не постојат од 15 мај.
Ограничувањата за влез на граѓаните од т.н. трети земји важат до крајот на јуни, изјави Зехофер.
Тој додаде дека сè уште не е познато кога ќе се донесе одлука за олабавување на мерките за тие граѓани.