Европската комисија ги повика интернет платформите да го зајакнат својот ангажман во борбата против дезинформации и ги критикуваше Русија и Кина поради кампања на дезинформации.
Висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел и потпретседателката за вредности и транспарентност, Вера Џурова, претставија анализа на мерки за борба против дезинформациите поврзани со пандемијата на болеста на ковид-19 и назначија насоки за понатамошно делување.
Потпретседателката Џурова истакнала дека во борбата против дезинформациите за пандемијата на коронавирус мораат да ги вклучат сите актери од интернет платформите до јавните тела, како и да поттикнување на независните организации за проверка на фактите и медиумите.
Комисијата ги повикува Фејсбук, Твитер и Гугл, да почнат да доставуваат месечни извештаи со детални податоци за своите мерки за промовирање релевантни содржини и ограничување на дезинформациите и огласувања поврзани со коронавирусот.