Од 50 отсто исполнетост, колку што беше досега, бројот на дозволени патници во јавниот, меѓуградскиот и железничкиот превоз во Грција, се зголемува на 65 проценти од капацитетот. Одлуката потпишана од надлежните министри е во сила до 14 јуни, а се однесува на автобусите од меѓуградскиот превоз, туристичките и приватните автобуси, возовите, како и на автобусите, тролејбусите, трамваите и метрото од јавниот превоз.
Од минатата седмица и бродовите и траектите во Грција, пловат со десет проценти поголем број патници, односно со 60 отсто од вкупниот капаците, наспроти 50 проценти според првичниот здравствен протокол.