Досега се инвестирани речиси една милијарда евра во патната инфаструктура и во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години.
Република Северна Македонија во 2019 и 2020 во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.
Градиме 260 км автопати, 300 км експресни патишта и 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе до 1500 км постоечки патни правци.
Изграден и пуштен е во употреба автопатот Миладиновци-Штип, а Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат комплетно предадени во употреба во следните неколку недели. Изградивме повеќе од 300 километри атмосферска канализација во сите општини во државата.
Интензивно се работи на локалната инфраструктура во фаза во којашто е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што се одвоени 100 милиони евра за сите општини во државата.
Во изминатиот период ги подобривме и условите и во 28 јавно-здравствени установи.
Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици, додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа.
СДСМ како одговорна партија, покажа домаќинско работење и водена од интересот на граѓаните пристапи кон сериозни инвестиции во инфраструктурата. Со тоа инвестираме во иднината и во самоодржливоста.