Италијанската полиција денеска уапси 60 лица за кои постои сомнеж дека експлоатирале мигранти од Африка да работат на фарми, а притоа ги нарекувале „мајмуни”.
Во полициската акција биле одземени и 14 фарми во Калабрија и Базиликати, во вредност од околу осум милиони евра.
Како што се наведува, на фармите работеле стотина мигранти по 12 часа дневно за минимална дневница.
Во акцијата учествувале околу 300 припадници на полицијата.