Министер за финансии на САД, Стивен Мнучин денеска изјави дека американската економија веќе почнала да покажува знаци на заздравување од пандемијата со Ковид-19.
Тој додаде дека американската економија „значително ќе се подобри” во третиот и четвртиот квартл од годината.
Мнучин во писменото сведочење пред Одборот за мали компании на Сенатот истакна дека новите работни места и другите економски податоци покажуваат дека САД се во добра позиција за силно отворање на земјата во фази.