Нови ограничувања за продолжување на сезоната во НБА

Натпреварите од остатокот од сезоната во НБА лигата ќе ги коментираат телевизиските студија во Атланта, а не од салата во која се играат натпреварите. Ова го соопшти еден од најпознатите спортски коментатори во САД, Кевин Харлан.

Сезоната во НБА беше прекината во март поради пандемијата КОВИД-19, а лигата планира да ја продолжи на 31 јули. Сите натпревари ќе се играат во комплексот „Дизни свет” во Орландо и без присуство на гледачи на трибините.

Според Харлан, покрај недостаток на навивачи, љубителите на кошарката ќе забележат и отсуство на коментатори, кои традиционално заземаат позиција во првиот ред, веднаш до судиската маса.

– Она што го слушнав на нашата телевизија е дека ќе ги коментираме сите натпревари од студиото во Атланта. Најраната фаза во која е можно да се емитува она што се случува од лице место е финалето и во двете конференции”, рече Харлан, кој најчесто може да се чуе на телевизијата ТНТ.

Телевизиите што емитуваат НБА натпревари веќе објавија дека ќе користат дополнителни звучни ефекти, слични на оние од електронските игри, за да ја рекреираат атмосферата на публиката во салата.

Треба да знаете
Последни објави