Помпео вети истрага за несоодветниот однос кон странските новинари за време на протетсите во САД

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска вети истрага по повод жалбите за малтретирање странски новинари кои известуваат за националните протести против расизмот и полициската бруталност во САД.

Австралија, Велика Британија и Германија презедоа чекори и изразија загриженост во врска со американските активности, при што Австралија е „вџашена” од сцените на двајца нејзини телевизиски новинари нападнати од полицијата пред Белата куќа.

– Знам дека постои загриженост од некои земји за нивните известувачи дека биле третирани несоодветно, рече Помпео на прес-конференција.

– Некои од тие тврдења стасаа и во Стејт департментот. Треба да знаете, и тие држави треба да знаат, дека ќе се справиме на сосема соодветен начин. Ќе дадеме се од себе да ги истражиме тие случаи, нагласи тој.

Високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Бачелет, минатата недела извести за, како што таа рече,невидена агресија против новинарите кои ги покриваат националните протести”, предизвикани од смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, од страна на бели полицајци во Минеаполис.

Таа цитираше податоци дека најмалку 200 новинари биле малтретирани или приведени додека известувале од демонстрациите.

Австралискиот министер за надворешни работи Марис Пејн претхно изјави дека Канбера ќе спроведе своја истрага и дека постои „силна загриженост” за третманот на своите новинари.

Треба да знаете
Последни објави