Советник на Чулев позитивен на Ковид-19

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека еден советник од неговиот Кабинет е позитивен на Ковид 19.

„Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место“, нагласи Чулев.

Последен пат советникот бил на работа на 02.06, а тестот го направил на 06.06, кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба на Министерот со лицето била на 24.05.2020. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација.

„Ве информирам дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени во министерството“, додава Чулев.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/165924591601010

Треба да знаете
Последни објави