Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, призна дека од тактичка гледна точка, тешко е за врвни играчи како Пауло Дибала и Кристијано Роналдо да играат на теренот во исто време. Стручњакот разговараше за „Скај Спорт Италија” пред петочното полуфинале за Купот на Италија со Милан – првиот натпревар во Апенините по паузата поради кризата со КОВИД-19.
– Дибала е феноменален играч и нашата единствена тешкотија е што не е лесно да се вклучат двајца нестандардни играчи како него и Роналдо во исто време. Но, тие секогаш можат да направат разлика. Тешко е од тактичка гледна точка да се користат во исто време, но кога имаме двајца играчи од оваа класа, остатокот од тимот мора да се прилагоди на нивниот стил, додаде тренерот.
Тренерот зборуваше и за иднината на Миралем Пјаниќ, кој последниве месеци се поврзуваше со трансфер во Барселона, а за него се заинтересирани и Пари Сен Жермен, Челси и Манчестер Јунајтед.
– Пјаниќ изгледа многу подобро отколку пред паузата. Многу разговарав со Миралем, тој е исклучителен играч и тој не може да си дозволи да има четири или пет натпревари под неговите стандарди, нешто што се случува во последно време, заклучи Италијанецот.