Алиша Кис зборува за системски расизам во САД во насловна сторија за јулскиот број на „Инстајл“ (InStyle).
Во интервјуто, 39-годишната повеќекратнa добитничка на „Греми“ се навраќа на свирепото убиство на Ахмуд Арбери што се случи три месеци пред да избувнат масовни протести по смртта на Џорџ Флојд во бруталната полициска интервенција.
Во февруари, афроамериканецот Арбери беше застрелан од двајца бели одметници додека џогирал, а на 25 мај Флојд умре под тежината на коленото на бел полицаец врз неговиот врат.
„Ние си пресудуваме едни на други и ги проценуваме кои се и какви се луѓето дури и кога не ги познаваме“, рече Кис коментирајќи ги расните односи во Америка.
„Според мене, најважното нешто што можеме да направиме сега е да застанеме една секунда, да се видиме и да се цениме едни со други такви каки што сме.“
Во меѓувреме, претстојниот албум на музичаркат, насловен АЛИША, е одложен поради пандемијата на Ковид-19.
Кис се самоизолира дома со сопругот Свиз Битс и нивните синови Еџипт Дауд Дин (9) и петгодишниот Џенезис Али Дин.