Али ќе биде во аут за дербито со Јунајтед поради објава на социјални мрежи

Тренерот Жозе Мурињо нема да може да смета на еден од најдобрите играчи на Тотенхем, Деле Али за дербито со Манчестер јунајтед, кое на програма е следниот петок.

Причината за ова е што Фудбалската асоцијација на Англија го казни халфот со еден меч и парична казна од 50.000 фунти за објава на социјалните мрежи, објавена во февруари.

Тогаш Али постави клип на „Снепчет”, во кој тој на шега поврзува човек со азиско потекло, кој е близу до него на аеродром, со закана од КОВИД-19.

Набргу потоа, англискиот репрезентативец го симна видеото, а подоцна двапати се извини. Сепак, ФА го обвини за навреда од расистички основи.

Покрај споменатата казна, Деле Али ќе мора да помине и на тренинг курс.

Треба да знаете
Последни објави