Како што прогнозираа синоптичарите, Скопје попладнево е погодено од невереме со силен дожд и ветер. По кусите, но обилни врнежи, се уште врне но со послаб интензитет.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.
Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 34 Крива Паланка, 20 Струмица, Виница, 18 Скопје-Зајчев Рид, 17 Куманово, 16 Демир Капија, 13 Гевгелија, 11 Скопје-Петровец, Ѓуриште, 9 Штип, Берово, 7 Дебар, 4 Дојран и 3 Пожаране.