Според неофицијални информации од Центарот за јавно здравје, изминатото деноноќие се дијагностицирани над 154 новозаразени со коронавирус, од кои дури 115 случаи се во Скопје, дознава Нетпрес.
Со тоа продолжува растот на бројот новозарзаени, откако во средата беа потврдени 125 случаи на инфекција со коронавирусот и рекордни седум смртни исходи. Така, без најновите податоци, за последните десет дена во земјата се регистрирани 1.141 новозаразен и 31 починат.