Вкупно 324.479 граѓани добиваат домашни платежни картички, за потикнување на приватната потрошувачка и поддршка на македонските производи и услуги.
Платежната картичка е дел од третиот пакет мерки на Владата, предводена од СДСМ, за која се обезбедени 28 милиони евра, со кои се поттикнува економската активност, за ревитализирање на македонската економија во услови на коронакризата.
Корисници на оваа картичка се приматели на социјална помош и невработени лица, кои активно бараат работа, а имаат нето-доход до 60.000 денари во период јануари-април годинава. Овие лица еднократно ќе добијат 9.000 денари на платежната картичка.
Потоа, вработени со низок доход, кои за периодот јануари- април годинава оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време . Тие ќе добијат 3.000 денари еднократно.
Картичка во вредност од 3.000 денари добиваат и млади лица од 16 до 29 години, кои се активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование.
Домашна картичка ќе добијат и над 4.300 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19, со износ од 40 отсто од последната основна нето-плата.
Граѓаните што ги исполнуваат условите не треба да аплицираат за картичката, туку ќе можат да проверат дали се во системот со внесување на матичниот број на веб страната kupuvamdomasno.gov.mk, каде е назначено и од која банка ќе можат да ги добијат парите.
Банките започнуваат со издавање на домашните платежни картички уште оваа недела, а најдоцна треба да бидат издадени до 18 јули.
Средствата на да домашните картички треба да се искористат најдоцна до 15 август.
Остануваме посветени на помош и поддршка на нашите граѓани, на помош и поддршка на нашата економија за сите аедно полесно и подрзо да се справиме со кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот.