Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во насјкоро ќе ја објави анексијата на три големи еврејски града на Западниот брег, но засега нема да се изјаснува во врска со долината на Јордан или другите населби, изјавија високи израелски власти, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху вети дека ќе започне со анексија со благослов на САД, но датумот 1 јули е прелиминарен во неговиот договор за коалиција со алтернативниот премиер и министер за одбрана, Бени Ганц. САД ставија до знаење дека не треба да се прават еднострани чекори кон анексија пред да се заврши мапирањето од страна на Комитетот за територија, што може да трае со недели, па дури и со месеци.
Нетанјаху сега веројатно ќе ги одложи повеќето планови за анексија и ќе работи само на проширување на суверенитетот над градовите Меале Адумим и Ариел, како и големиот блок Гуш Ецион јужно од Ерусалим, објави весникот на хебрејски јазик „Зман Јизраил“.
Според извештајот, овие три области се во рамките на поширокиот консензус, како во Израел така и во САД, за ставање под израелскиот закон. Властите велат дека одлуката да се фокусираат на помалку спорните области ги зема предвид односите на Јордан со САД.
Кралот Абдула од Јордан предупреди на масовен судир ако Израел продолжи со плановите да наметне суверенитет врз делови од Западниот Брег, предизвикувајќи загриженост дека Хашмитското Кралство дури може и да го поништи својот мировен договор со еврејската држава.
Потегот за трите блока ќе биде само првиот чекор, велат официјалните лица, и ќе следи поголема анексија. Тие велат дека во сегашната политичка клима, овој потег ќе биде направен еднострано.
Палестинскиот премиер Мохамед Штајјхе во вторникот предупреди дека ако Израел продолжи со плановите, Палестинците еднострано ќе прогласат држава заснована на линиите од пред 1967 година. Според Штајех, израелските планови за примена на суверенитетот врз еврејските населби на Западниот Брег и во долината на Јордан претставувааат егзистенцијална закана за Палестинците и ги кршат сите договори на Ерусалим со Рамалах.
Тој ја повика меѓународната заедница да го санкционира Израел ако продолжи со плановите.
Штајен неосновано тврдеше дека Израел веќе презел мали мерки на терен во Јорданската долина како подготовка за анексијата, вклучително и испраќање сметки за комунални услуги на арапските жители и отстранување на знаците на кои се вели: „По оваа точка е палестинско“.
Меѓутоа според „Џерусалем пост“, кој ги цитира Палестинците во долината на Јордан, ниту еден знак не е отстранет или заменет. Израел, исто така, со децении им наплаќа на палестинските жители во областа за вода и електрична енергија.
Мировниот план на администрацијата на Трамп предвидува Израел да анектира 30 отсто од Западниот брег и долината на Јордан. Исто така, предвидува демилитаризирана палестинска држава основана на поголемиот дел од Западниот Брег со делови од источен Ерусалим кои се наоѓаат надвор од израелската безбедносна ограда како нејзин главен град.