Лајчак доаѓа во Приштина, Тачи ја ескивира средбата

Претставникот на Европската унија за возобнувување на преговорите меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак в понеделник ќе пристигне во Приштина и ќе остане до четврток. Во овој период ќе ствари состаноци со претставниците на косовските институции, новоизбраниот премиер Авдулах Хоти, но неизвесно е дали ќе дојде и до средба со претседателот Хашим Тачи. Тој засега ја ескивира ваквата средба, пренесува косовскиот медиум Коха.

Поради ограничувањата при патувањата кои сеуште се на сила со пандемијата од коронавирусот Лајчак ќе тргне на пат со лет до Тирана од каде со автомобил ќе стигне во Приштина.

 

 

Треба да знаете
Последни објави