Македонскиот полициски синдикат: Чулев да каже кој е советникот болен од Ковид 19

Интегрален текст од соопштение на Македонскиот полициски синдикат

„Македонскиот полициски синдикат како еден и ЕДИНСТВЕН  РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН синдикат кој функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи (што некому дефинитивно многу му пречи) користејки ги неотуѓивите права предвидени во Колективниот договор на МВР да се грижи за своите членови и сите вработени во Министерството за внатрешни работи го повикува министерот за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев наместо да ги пушта своите полтрони и „квази синдикати-поединци” да лајат по улици и на пресови, да излезе во јавноста и на транспарентен начин да ги извести нашите членови вработени во МВР , посебно тие кој што работните места им се во 1 зграда во кругот на министерството, кој е неговиот советник што е позитивен на Ковид 19, а се со цел да се скенира состојбата и да се утврди кој се бил во контакт со истиот, да се стават во самоизолација со што би се спречило евентуално ширење на заразата.

Од овде сакаме да ја искористеме можноста да потенцираме дека како синдикат секогаш ќе бидеме на страната на полициските службеници кои чесно и професионално ги извршуваат своите работни задачи, па затоа би сакале да апелираме до сите вработени во МВР да останат имуни на влијанијата од дневно-политички карактер и да бидат доследни на целосно операционализирање на законитоста и законите, како алфа и омега на полициското работење.

Почитувани колеги, уште еднаш сакаме да Ви дадеме целосна подршка на сите вас кои деноноќно се на терен, и гордо покажувате на дело како се сака татковината и како се почитува униформата што ја носите. Рамо до рамо со медицинските лица несебично вложивте натчовечки напори да ја одржите ситуацијата со ширењето на заразата со корона вирусот под контрола. Исправени гордо пред предизвикот на браникот на нашата држава ја манифестирате Вашата човечност и саможртва кои ќе останат пример за идните генерации- пример за тоа како се сака и почитува својата татковина. Бидете горди што токму во вас ПОЛИЦАЈЦИТЕ, граѓаните во овие тешки моменти гледаат на институција на која може да се потпрат, служба која деноноќно е гарант на нивната безбедност.

На крајот сакаме уште еднаш да потенцираме дека Македонскиот полициски синдикат како единствен репреентативен синдикат будно ќе ги следи случувањата во периодот кој што престои и ќе превзема мерки и активности во насока на подобрувања на правата од областа на безбедност и заштита при работа за своите членови.

Треба да знаете
Последни објави