По стапувањето во сила на новите одредби од Законот за администравни службеници, Министерството за економија, е првата државна институција што ги врачи новите решенија на седум вработени, односно ги систематизираше на работните места според завршеното високо образование.
Веста за МИА, ја потврдија извори од оваа Министерство, а и самиот министер за економија Крешник Бектеши на својот Фесјбук профил објави дека Министерство го признало високото образование согласно измените на Законот за административни службеници.
– Администрацијата е важен столб од Охридскиот договор и нашата грижа за него е последотвателна, напиша министерот Бектеши.
Новите одредби на Законот за административни службеници стапија во сила од 1 јуни. Освен во Министерството за економија, и во другите државни институции се очекуваа да се издадат нови решенија за работа на тие вработени кој со години работеле на пониски позици, иако имале завршено високо образование.