Најголемиот аеродром во светот ги обнови летовите

Меѓународните летови од аеродромот во Истанбул продолжја утрово, по два месеци суспензија поради пандемијата на коронавирус.

Летовите од другите аеродроми во Турција почнаа од 1 јуни, како дел од чекорите за нормализација, а најголемиот аеродромот во светот од денеска ги продолжи меѓународните летови кон одделни земји.

„Туркиш ерлајнс“ започна со летови кон Германија, Велика Британија и Холандија.

На патниците им се мери температура и насекаде се залепени плакати со препораки за почитување на мерката за физичка дистанца и носење заштитна опрема.

„Туркиш ерлајнс“ започна со летови кон Берлин, Дизелдорф, Минхен, Франкфурт, Лондон и Амстердам. Првиот меѓународен лет од аеродромот беше до Дизелдорф во 8.20 часот.

Аеродромот „Истанбул“ беше отворен во април минатата година и е најголем аеродром во светот.

Треба да знаете
Последни објави