Во Словачка се случи напад во едно училиште на северот на земјата. Непознат маж убил едно лице, а повредил пет. Меѓу повредените има и деца.
Напаѓачот потоа беше убиен од полицијата, јавува словачка „Правда“.
https://www.facebook.com/policiaslovakia/posts/3419066291456902
Повредените биле пренесени во блиската болница. Станува збор за две деца и тројца возрасни, а словачките медиуми пренесуваат дека меѓу нив се директорот и вработен во училиштето.
Станува збор за 22-годишник кој бил вработен во училиште во градот Врутки, на северот на земјата. Училиштето каде што се случи нападот вклучува основно и средно училиште и градинка.