Во вечерашното издание на дебатната емисија “Отворено студио” на 24 Телевизија гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој зборуваше за пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот, справувањето со здравствената и економска криза, како и одржувањето на предвремените парламентарни избори.
Според Јанушев ситуацијата е повеќе од алармантна поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот и институциите мора да бидат фокусирани на решавање на тој круцијален проблем, а не да се зборува за избори. Тој посочи дека СДСМ и Заев не смеат да притискаат со датуми за избори само за да ја спасат својата кожа, затоа што животите на граѓаните се поважни од фотелјите.
“СДСМ иако лицитира со датуми, сепак сеуште не е време за организирање на избори. Одење на избори при ваква здравствена ситуација укажува на несериозност и негрижа. Ние како сериозна партија тоа не смееме да го дозволиме. 5-ти јули е датумот кој СДСМ го објавува во јавноста, но можам децидно да кажам дека тогаш избори нема да има”, вели Јанушев.
Пандемијата зема замав и гледаме дека секојдневно за жал губиме човечки животи. Бројот на новозаболени секојдневно рапидно расте и тоа доволно покажува дека сите мора да бидеме фокусирани да се избориме со корона вирусот, па дури потоа да створиме услови за одржување на избори. Секое решение кое нема да биде суштински разгледано, може да не доведе до здравствен колапс и многу жртви, заврши Јанушев.