Силното невреме, проследено со пороен дожд, што денеска го зафати регионот на Корзика, предизвика надојдени води и кал низ улиците на градот Ајачио. Засега е забележана само материјална штета и се чини дека ситуацијата се смирува, јави дописникот на МИА.
Североисточниот кварт од градот, Салин, е еден од најпогодените, при што возачите беа блокирани во нивните автомобили и водата навлегла во продавниците. Спасувачките екипи засолнале речиси 200 лица.
-Нема повредени, освен професионален пожарникар, кој паднал при интервенција и ја скршил едната нога, изјави портпаролот на пожарникарите во Корзика.
Префектурата повикува да се ограничи патувањето низ градот. За време на денешното невреме наврнаа од 100 до 120 сантиметри дожд на многу ограничено место, наведуваат корзиканските власти.