Министерството за надворешни работи на Кина го критикуваше извештајот на Европската Унија, во кој Пекинг е обвинет за ширење дезинформации за пандемијата на коронавирус.
Министерството соопшти дека ЕУ избегнува многу очигледни факти, но конкретно ја споменува Кина, додавајќи дека тоа ги поткопува веродостојноста и кредибилитетот на извештајот, притоа оценувајќи ги обвинувањата против Кина како лажни.
Според извештајот на Европската комисија, Русија и Кина спровеле намерна кампања за дезинформации во ЕУ, нејзиното соседство и низ целиот свет.
Ова е прв пат Кина да биде обвинета од ова тело на ЕУ за ширење дезинформации.