Лацио ќе го продолжи договорот на нивниот тренер Симоне Инзаги, пренесува „Ил Месаџеро”.
Според публикацијата, претседателот на римскиот клуб Клаудио Лотито има намера да му понуди на 44-годишниот Инзаги договор до јуни 2023 година. Тековниот договор на стручњакот е до летото следната година.
Според новиот договор, Инзаги ќе заработува 2,5 милиони евра годишно. Доколку Лацио ја освои титулата во Италија под негово водство, платата на тренерот ќе се зголеми на 3 милиони евра годишно.
Инзаги е на чело на „орлите” уште од летото 2016 година. По 26 одиграни кола оваа сезона во Серија А, екипата е на второто место на пласман зад лидерот Јувентус.