Македонска ракометарка казнета 16 месеци неиграње поради допинг скандал во Романија

Македонската ракометна интеранционалка Наташа Нолевска (24 г.)  од редовите на романскиот тим Корона Брашов доби казна од 16 месеци неиграње поради допинг афера. Тимот на Корона Брашов беше дел од големата допинг афера во Романија во која се најдоа 17 ракометарки, доктор и функционер на тимот, поради употребата на недозволена ласерска терапија забранета од ВАДА.
Најтешко помина докторот Мариус Карпа кој е суспендиран на четири години. Техничкиот директор Маријана Тарка доби двегодишна забрана за работа во спортот, а на две и пол години е казнет поранешниот претседател на клубот Ливиу Драгомир.
Суспензија од една година и четири месеци како Нолевска добија уште пет ракометарки. Најмалата казна од една година и три месци добија три ракометарки. Дури осум ракометарки се казнети со по една година и осум месеци.
Назната почнаа да течат од 25 ноември, кога е започнат целиот случај.

Треба да знаете
Последни објави