Пиоли: Ќе извлечам максимум од оваа сезона

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли смета дека „росонерите” и Јувентус ќе излезат во утрешниот реванш за Купот на Италија од еднакви позиции и се надева дека неговите пулени ќе дадат се од себе.

Милан и Јувентус одиграа нерешено 1-1 во првиот полуфинален дуел од овогодинешниот турнир.

– Фудбалот повторно е најважната работа и треба да се вратиме безбедно на него. Во Милано секогаш сме внимателни. Ги преземавме потребните мерки на претпазливост. Уште од самиот почеток сме за продолжување на првенството. Недостатокот на навивачи ќе биде многу штетно за фудбалот, но тоа е помалото зло. Тоа е единствениот начин. Момчињата работат добро, дури и ако некој не е 100% подготвен. Лукас Билија е еден од оние што изгледаат најдобро, рече Италијанецот.

Беше прашан и за неговата иднина, откако има постојани шпекулации дека Ралф Рангник ќе пристигне во Милано.

– Мојата цел е јасна – да дадам се од себе и да извлечам максимум од оваа сезона. Целта на Милан е да се врати во Европа преку првенството или Купот. Јас секогаш им кажувам на играчите дека најважен е амблемот на нивните гради, а не имињата на грбот. Ние двапати се судривме со Јувентус оваа сезона. Беше тешко за нив, како што беше и за нас. Го напуштивме теренот со жалење што не можевме да ги победиме на првата средба, рече Пиоли.

Треба да знаете
Последни објави