На 10.06.2020 во 22.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-село Пирок се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и велосипед управуван од 13 – годишник од село Голема Речица.
По незгодата, возачот со возилото го напуштил местото на настанот, а велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.