Раперот Ајс Кјуб критикуван поради објавување на фотографија од Лепа Радиќ, девојче кое било обесено од Германец

Американскиот рапер Ајс Кјуб е силно критикуван поради објавување фотографии за кои тврдат дека се антисемитски, а меѓу нив е и фотографијата на Лепа Радиќ, учесничка во Народноослободителната борба, девојче кое е прогласено за народен херој на Југославија.

Ајс ја објавил фотографијата на „Твитер“, без никаков коментар. Сепак, следуваа десетици одговори, над 600 ретвитови и 2.200 лајкови засега.

Американските медиуми ги пренесоа неговите најави, претежно, со наслов „Ајс Кјуб осуден за споделување на антисемитски мемови и руска пропаганда на Твитер“, алудирајќи на фактот дека луѓето го напаѓаат, и дека тој прави антиамериканска пропаганда.

Веста за најавата за славниот рапер ја пренесоа највлијателните светски медиуми – Би-би-си, Индипендент, Фокс њуз, Пипл и други, но никој од нив не истакна дека станува збор за југословенска хероина и нејзиното страдање, туку за „руска пропаганда“.

Треба да знаете
Последни објави