Здружението на туристички водичи на Словенија предупредува дека на околу 2.000 вработени во нивниот сектор им се заканува опасност цела година да останат брз работа, а со тоа и без приходи.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, во земјата речиси 60.000 луѓе се вработени во туризмот, но водичите се во најнезавидна положба.
-Откажувањата на договорените тури почнаа уште на во март, а предвидувањата се дека оваа есен туристи ќе немаме. Прогнозите и за следната година се многу песимистички. Најверојатно цела година ќе бидеме без приходи, предупреди Тина Храст од Здружението на туристички водичи.
Водичите се надеваат дека државата ќе ги чуе нивните предупредувања и ќе им помогне да „преживеат”, а со тоа велат, ќе се спаси секторот и одливот на квалитетен кадар потребен по нормализацијата на ситуацијата со коронавирусот.