Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека не е потребно продолжување на вонредната состојба. Во одговор на новинарско прашање Филипче рече дека иако тој смета оти нема да има потреба повторно да се воведе ограничување на движењето, мерката би можело да биде воведена и без вонредна состојба во државата.
-Што се однесува до имплементирањето на мерките и можноста да има рестрикции во движењето доколку се одлучи дека е потребна, јас верувам дека нема да биде тоа, а за тоа има можности и без вонредна состојба, сметам дека сега, во овој момент не е потребно продолжување, рече Филипче.
Според него, создадени се нови кластери во Охрид на семејна прослава, на која присуствувале околу 200 лица, од нив 8 се позитивни, а 40 се во изолација. Исто така во семејна прослава во Скопје на која присуствувале околу 100 лица од нив 14 се позитивни. Голем проблеми е што дел од случаи не соработуваат за анкетите не даваат точни информации