Француската влада донесе одлука да ги укине вонредните мерки за здравствена заштита на 10 јули, две недели порано од закажаниот датум, а се очекува да се воспостават одредени ограничувања во наредните месеци за да се спречи ширењето на коронавирусот, објави францускиот весник „Ле Монд“.
„Со оглед на позитивниот развој на здравствената состојба во оваа фаза, владата ќе ги укине вонредните мерки“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.
Излегувањето од вонредната состојба мора да биде строго и постепено организирано со цел да се продолжи со заштитата на Франција додека се соочува со вирусот кој продолжува да се шири и може да го оправда продолжувањето па дури и, доколку е потребно, повторно воведување на некои мерки во наредните недели и месеци, стои во соопштението.
Владата подготви нацрт-закон со кој се дозволува одредени ограничувачки мерки да бидат продолжени до 10 ноември доколку тоа го бара епидемиската состојба. Предлог-законот ќе се расправа пред Народнотоо собрание на 17 јуни пред да биде доставен до Сенатот.
Доколку биде усвоен во парламентот, тоа ќе и овозможи на извршната власт да ја ограничи слободата на движење до одреден степен по 10 јули за период од четири месеци. Движењето на луѓето и пристапот до јавен превоз може да биде ограничено.